Европскиот парламент во 2014 година изгласа необврзувачка резолуција по која европскиот пасош никогаш не би требало да стане стока со која се тргува.
Лимасол на јужниот брег на Кипар е регион кој финансиски цвета и е место за средба на голем број екстремно богати Руси кои добиле европски пасош. Во Кипар како членка на ЕУ на многу софистициран начин се маскираат парите кои се слеваат таму.
Од 2013 на странците им е овозможено за шест месеци да добијат пасош од одржавата ако инвестираат 2 милинони недвижнини таму, или 2,5 милиони евра вложени во државни обврзници или компании. Од тогаш Кипар има издадено 2000 пасоши на странци, од кои половина на Руси, со кои може да се патува без визи во 147 земји, вклучително Велика Британија и Јапонија.
Брисел е загрижен заради оваа појава, особено затоа што овие луѓе пристапуваат кон ЕУ на нефер начин. Една од причините поради кои Русите купуваат кипарски пасоши е плаќањето на мали даноци.
Малта за своето државјанство бара 650.000 евра плус вложување во недвижнини од најмалку 350.000 евра и додатни 150.000 вложувања во државни обврзници. Во првите 6 месеци од 2015 година Малта добила 200 нови државјани.
Во Португалија процесот на купување државјанство е значително покомплициран. Со половина милион евра вложувања во недвижнини, 6 години престој и течно говорење на португалскиот јазик може да се стане државјанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.