| четврток, 6 декември 2018 |

Раиола: Ќе се реализира трансфер вреден 240 милиони евра

most-expensive-players-in-football-fbnaija.com

Ретко кога минуваат неколку дена без да прочитаме или да слушнеме некоја контроверзна изјава од моментално најпознатиот фудбалски агент Мино Раиола. Вчера Италијанецот го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека за една до три години, англиските клубови ќе потрошат и 240 милиони евра за обесштетувањето на еден фудбалер.

– За една или за најмногу три години, ќе бидеме сведоци на трансфер кој ќе вреди 240 мил. евра. Можеби тоа ќе биде некој играч кој ќе пристигне од Бразил, можеби некое ново чудо од дете, новиот Меси или Неимар. Англиските клубови ќе ја потрошат таа парична сума само на еден фудбалер. Економијата постојано еволуира, особено во англиската Премиер лига. Реално е еден фудбалер да биде продаден за една таква парична сума, дури и порано од предивеното, изјави Раиола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top