| четврток, 6 декември 2018 |

Словачкиот дефанзивец бесен на судијата: Се беше наместено

Jan+Durica-Slovakia

Натпреварот меѓу Словачка и Англија кој се одигра пред два дена беше решен само со еден гол кој беше постигнат длабоко во судиското продолжение, а херој за тимот на Сем Алардајс беше играчот за врска на Ливерпул, Адам Лалана кој брзо реагираше откако доби топка во противничкиот шеснаесетник.

Тој погодок донесе големо разочарување во таборот на Словаците, а најостар во своите коментари беше дефанзивецот Јан Џурица. Тој обвини дека судијата Милорад Мажиќ знаел што прави во секој момент од натпреварот, мислејќи на изклучувањето на Шкртел, и изјави дека со неговиот пристап и неговата арбитража го наместил натпреварот.

– Има само едно сигурно место од секоја група за пласман на Светско првенство. Зошто би одела Словачка на Светско првенство, кога во групата ја имате една Англија, иронично запрашал Џурица, додавајќи дека Мажиќ ги фаворизирал Англичаните во текот на целиот меч.

– Тоа е веќе толку нормално, секогаш се претпочита победа на посилниот тим. Судијата знаеше што точно прави во секој момент, се беше наместено, завршил фудбалерот на Трабзонспор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top