Четиригодишно девојче паднало денеска од седми кат на зграда на ул. „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром.
Немилиот настан се случил во 10.45 часот. Девојчето со тешки повреди е пренесено во Ургентниот центар.
Детето што паднало од прозорецот, наводно, било оставено само дома. Според очевидци, падот на детето го ублажил телефонски кабел и гранки од дрво на кои се заплеткал.
Во моментов е на КАРИЛ во животозагрозувачка состојба.
Има повреди на градниот кош и на карлицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.