| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка го претепала своето бебе

Секторот за внатрешни работи во Скопје и Единица за имотни деликти – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Центар, Бит Пазар“ до надлежното Основно Јавно Обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Х.(30) од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ предвидено и казниво по член 201 ст.1 од КЗ на РМ.

За стореното кривично дело од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено пријавената А.Х.на 31.08.2016 година околу 18,00 часот на ул.,,Аминта Трети“ започнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа во еден момент истата го зела нејзиното 19 месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце во пределот на главата и телото по што во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја.

Настанот од страна на случаен минувач бил пријавен во Единицата за информации и команда при СВР Скопје, по што од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото на настанот и известена службата за итна медицинска помош бидејќи детето не било во добра здравствена состојба. По укажаната медицинска помош детето било пренесено на Детската Клиника во Клинички Центар ,,Мајка Тереза“, каде што било примено и задржано на понатамошно лекување, по што подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде му биле извршени потребните медицински испитувања, при што од страна на лекар-специјалист неврохирург било констатирано дека истото има нагмечување на главата и потрес на мозокот.

Од страна на ЕУМНА при СВР-Скопје изготвена е фотодокументација за нанесените  телесни повреди кај детето .

По преземените мерки и активности од страна на СВР Скопје А.Х. била приведена во полициска станица и со истата бил извршен разговор во која ги појаснила околностите на извршување на кривичното дело.

 

Од страна на СВР Скопје до ЈУ „Меѓуопштински Центар за социјална работа на град Скопје“  доставено  е  известување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top