| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија убедливо го совлада Луксембург во Кавадарци

makedonija luksemburg

Македонската кошаркарска репрезентација со триумф ги почна квалификациите за пласман на Евроското првенство во 2017. Нашите кошаркари на првиот меч кој се одигра вчера во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци, ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа аутсајдерот Луксембург со 89:75 (30:13, 18:15, 21:26, 20:21).

На моменти одбраната на националниот тим не блескаше, хаотичниот напад и падовите беа дел од нашата игра, но мора да се потенцира дека победата е чиста како солза, благодарение на одличната игра во првата четвртина (30:13) и маестралниот капитен Војдан Стојановски.

Капитенот повторно беше лидер и го заврши натпреварот со 28 поени. Двоцифрен ефект имаа и Костоски (13), Дамјан Стојановски (11) и Јанески (10).

Фото: Спортмедиа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top