Триесетгодишен Швеѓанец си го заборавил двегодишниот син во автомобил и детето починало.

Tаткото во вторникот наутро го ставил детето во автомобил за да го одведе во градинка. Но, на работа заминал со службеното возило кое му било паркирано во дворот, а детето го оставил во приватниот автомобил. Таткото попладнето ги повикал дежурните служби и пријавил дека во автомобилот го нашол безживотното тело на својот син.
В петок ќе биде направена обдукција за да се утврди точната причина за смртта на детето. Засега се претпоставува дека детето починало од топлина. Тој ден било многу жешко и многу топло.
Портпаролката на Управата за училишта и градинки рекла дека ќе биде испитана и одговорноста на градинката. Имено, градинката, ако детето не дојде, е должна да ги контактира родителите. Тоа во овој случај не се случило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


