| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Џо Харт ќе брани за Торино

joe-hart-torino-shirt

Англичанецот кој веќе неколку години е прв голман на репрезентацијата и стандарден во Манчестер Сити, Џо Харт веднаш по доаѓањето на Пеп Гвардиола во Сити беше прогласен за непотребен.

По трансферот на Клаудио Браво од Барселона во редовите на граѓаните, стана јасно дека Харт нема иднина во клубот, па голманот беше принуден да бара нов ангажман. Торино пројави најсериозен интерес и за кратко бил постигнат договор за едногодишна позајмица меѓу двата клуба, па Харт вчера пристигна на лекарски прегледи во Италија.

– Понудата на Торино пристигна во право време и на прав начин. Среќен сум што ќе можам да се испробам  во тешко првенство како што е Серија А. Квалитетот на италијанските голмани е познат ширум светот и верувам дека тука можам да научам многу. Затоа со голем ентузијазам ја прифатив понудата на претседателот Каиро, изјавил голманот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top