| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус подобар од градскиот ривал Торино

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус продолжува со максимален ефект во Серија А. Во градското дерби, а „старата дама“ убедливо го надигра Торино и го порази убедливо со 4-0.

Пауло Дибала го отвори резултатот во 16.минута, а осум минути подоцна Торино остана со играч помалку поради исклучувањето на Басели.

Противникот тоа знаеше да го искористи, па Пјаниќ во 40.минута зголеми на 2-0. Во вториот дел, Алекс Сандро го постигна третиот гол за „старата дама“, а серијата во завршницата повторно ја затвори Пауло Дибала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top