| четврток, 6 декември 2018 |

Ренато Санчез наместо во Милан, на позајмица во Челси

Челси победи во трката за потписот на младиот португалски репрезентативец, Ренато Санчез. 19-годишниот фудбалер од средниот ред се сели во Лондон на едногодишна позајмица, а доколку ги оправда очекувањата, Челси ќе преговара со Баерн за комплетен трансфер. Португалските медиуми шпекулираат дека претставувањето на играчот ќе биде во следните неколку дена, додека англискиот првак најверојатно го чека Матиќ да потпише со Манчестер јунајтед.

Претеседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге истакна дека дури 10 клубови се заинтересирани за Санчез, се очекуваше да се пресели на „Сан Сиро“ и да биде дел од реновирањето на Милан, но негова желба беше да заигра во Премиер-лигата.

Јунајтед сакаше целосно да го откупи, односно да исплати 40 милиони за неговите услуги, но раководството на „баварците“ не планира да го продаде младиот фудбалер, единствена опција е позајмица со цел да добива поголема минутажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top