| четврток, 6 декември 2018 |

Торино победи, но слободниот удар на српскиот голман ги воодушеви сите (видео)

Торино сосемо очекувано вчера го победи Карпи во Купот на Италија, но резултатот од оваа средба остана во сенка на слободниот удар на српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ кој во самиот финиш испрати бомба која малку фалеше да заврши во голот на гостите.

Вакви обиди не се карактеристични за голманите од Европа, па затоа и овој потег стана супер интересен за јавноста и за истиот се огласи и тренерот на „биковите“ Синиша Михајловиќ. Популарниот Миха има потполна доверба во Милинковиќ-Савиќ и посочува дека би му дозволил на неговиот избраник да шутира и резултатот да е 0-0.

– Тоа го вежбавме. Тој ќе шутираше и да беше 0-0. Има моќен и прецизен удар. Не гледам ништо чудно во тоа, порача Михајловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top