| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото стаписан кога видел како детето убива војник: Тоа е мојот син

brit-isis-child

Британец кој инсистирал да остане анонимен, за Дејли Мејл изјавил дека синоокото момче снимено во пропагандниот спот на Исламска Држава како убива курски војник, е негов син. Вчера излегла во јавност и информацијата дека ова дете е познато на британските служби.

Неговиот татко останал во чудо кога ја погледнал снимката на која се гледа како неговиот син со пиштол убива курдски војник. Тој истакнал дека детето кое е родено во 2004 година, не го видел цели три години и се сомнева дека неговата мајка “му го имаат испрано мозокот”.

Мајката на малото британче отишла во Сирија 2013 година, каде двајцата се преобратиле во Ислам, по што се омажила за преобратен Британец, Јунаид Хусеин ал Британија (20), член на ИД кој загинал минатата година по еден од воздушните напади.

На пропагандното исламистичко видео кое беше објавено минатата недела може да се видат пет деца, од кое едното е со изразито бел тен со сини очи, како убиваат група курдски заробеници.

До сега се проценува дека најмалку 50 деца од Британија има на подрачјето контролирано од Исламска Држава кои се врбувани и се подложени на обука за да станат идни борци и бомбаши на радикалните исламисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top