Американката Еди (35) е родена како сијамски близнак и никогаш немала момче. затоа што се срами од задникот, бидејќи по разделувањето ѝ бил унаказен. Еми побарала помош од хирурзите Пол Насиф и Теди Дуброу, кои ќе и помогнат и тоа ќе биде снимено во реалното шоу “Грешки на природата”.
-Смачено ми е луѓето постојано да зборуваат за мене, вели Еди, која би сакала да има задник како Џеј Ло.
За жал, лекарите се сигурни дека таква драстична промена не е возможна, а дури признале и дека воопшто не знаат како воопшто ќе го реконструираат тој дел од телото.
Инаку, мајка ѝ на Еди не ни знаела дека носи близнаци сѐ до породувањето, бидејќи второто дете не се гледало на ултразвук. Кога ги родила, лекарите биле шокирани, особено кога се покажало дека само Еди може да преживее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.