| четврток, 6 декември 2018 |

Неочекуван потег: Асани го менува националниот дрес, ќе игра за Албанија

jasir asani

Младинскиот фудбалски репрезентативец на Македонија и член на актуелниот фудбалски шампион Вардар, Јасир Асани, одлучил да го смени дресот со национални обележја и наместо за нас, во иднина ќе настапува за младата селекција на Албанија. Инаку Асани е роден во Скопје.

Ваквиот потег на 21-годишниот фудбалер е неочекуван, иако тој има настапи и за двете репрезентации. За Македонија играше во минатите квалификации за играчи до 21 година, а за Албанија настапи годинава на 22 јануари, на неофицијален меч.

Асани за Македонија одигра квалификациски дуел против Израел во Скопје, а беше на списокот на селекторот Благоја Милевски за дуелот со Исланд во овој циклус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top