| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето Најден ќе се префрли во Домот за деца и доенчиња во Битола

Новороденчето Најден, кое неодамна беше оставено во Арачиново со тешка повреда на јазикот, одлично закрепнува на Kлиниката за детски болести и наскоро ќе биде префрлено во битолскиот Дом за деца и доенчиња пишува „Дневник“.

INKUBATOR

Најден во Битола ќе ја чека операцијата на јазикот, која треба да ја изврши тимот на американските лекари, а истовремено ќе биде ставен и на листата на деца што може да се посвојуваат. Ваква одлука деновиве донеле надлежните од Kлиниката за детски болести и од Министерството за труд и социјална политика откако неговата здравствена состојба се подобрила. Тоа е делумна промена на првичниот план што предвидуваше операцијата на јазикот да се изврши за три месеци.
Според Аспазија Софијанова, директорка на Kлиниката, малтретирањето што го истрпел не оставило други последици врз неговото здравје, освен отсечениот јазик, кој сепак ќе може да се коригира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top