Извештајот на ИБМ постои веќе веќе 10 години на пазарот и е ден од ретките кои се фокусираат на реалните резултати. Ова се податоци од реалниот живот и откако го објавивме јас имав низа на јавувања од компании кои сега се заинтересирани за Македонија како инвестициска дестинација, вели за Економски.мк лидерот на извештајот за локациски трендови за инвестиции на Ај Би Ем, Роел Шпее. Две години по ред Македонија е на првото место во светот по број на новотоворени работни места од директни странски инвестиции по глава на жител.
Извештајот на ИБМ за глобалните локациски трендови ги регистрира објавите на компаниите кога конечно одлучуваат да воспостават нова операција во конкретна земја. Во интервјуто за Економски.мк Шпее вели дека извештајот се изготува така што се мери перформансот на земјите во однос на креирањето на работни места. Во 2015 г. Македонија привлече над 6000 нови работни места од нови странски инвестициски проекти. Споредено со бројот на населението, земјата привлекла по 2900 работни места на милион жители. Со тоа Македонија е на првото место на листата во светот.
– Ова е секако многу силен резултат и ако земете предвид дека ова е втора година по ред како Македонија избива на првото место. Тоа потврдува дека Македонија е локација која ја препознаваат компаниите, ја прифаќаат како добра бизнис-локација, инаку не би била прва две години по ред. Мислам дека две од силните страни на Македонија се, најпрво, оперативните трошоци на компаниите, трошоците за труд се сѐ уште многу конкуретни во европски контекст, корпоративното оданочување е сѐ уште многу конкурентно, значи тоа е од финансиска перспектива многу интересно за компаниите. Но, исто така важно е што работната сила е добар квалитет, компаниите кои инвестираа во Македонија изминативе години се успешни, имаат задоволителни резултати и повеќе од нив веќе реинвестираа во земјата и тоа потврдува дека се доста задоволни со квалитетот на работната сила, техничките вешитни кои ги има во земјата и продуктивноста на работната сила, вели Шпее и додава дека тоа се должи на организацијата за промоција на инвестициите на Владата.
Во последните пет и повеќе години Владата многу работи за да ја изрекламира земјата како потенцијална бизнис локација и тоа го прави доста агресивно. Како резултат на тоа многу компании сега се свесни за Македонија, имаат некаква перцепција за македонската деловна средина. Oткако голем број компании инвестираa со големи проекти, позитивната порака сѐ повеќе се шири. Мислам дека тоа помогна многу за да се добие ваков силен резултат, вели Шпее и уверува дека ова рангирање ќе придонесе за натамошно ширење на таа порака, зашто овој извештај не е теоретска, академска вежба, туку е истражување базирано на одлуките кои ги носат компаниите и работните места кои објавуваат дека ќе ги отворат во различните земји, така што ова се податоци од реалниот живот и компаниите го читаат овој извештај.
–Откако го објавивме извештајот пред околу еден месец, добив низа повици од заинтересирани компании. Тие коментираа дека можеби треба да ја земат Македонија предвид. Значи, препознаваат дека Македонија има силен резултат две години по ред. Овој извештај стори оние компании кои не ја знаат Македонија, да ја стават земјата на мапата. Некои компании ми го кажаа токму тоа, дека можеби треба да го разгледаат тој дел од светот, конкретно Македонија, за нивните идни инвестиции, вели лидерот на извештајот за локациски трендови за инвестиции на Ај Би Ем, Роел Шпее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


