| четврток, 6 декември 2018 |

Бојан Трајковски е пред кам-бек, се чека последната одлука на селекторот

Kosarka Makedonija Belgija 16 (Custom)

Репрезентативниот крилен центар на Македонија, Бојан Трајковски утринава имал состанок со претседателот на МКФ, Петар Наумоски со единствена цел, враќање во репрезентацијата пред важните квалификации за ЕП 2017 година. Ваквата информација за Република ја потврдија и од канцеларијата на федерацијата, но сеуште не знаат дали до тоа ќе дојде.

Постигнат е договор тој да се врати во составот, но претходно мора да се исконтактира и селекторот Драган Раца.

До ваквиот расплет дојде откако вчера беше обелоденето дека Трајковски може да заработи суспензија од МКФ поради своеволно напуштање на репрезентацијата во текот на подготовките.

Во текот на денот Трајковски ќе има и средба со селекторот Драган Раца со кого исто така ќе се обидат да ги изгладат односите за да потоа тренинзите се одвиваат без никаков проблем. Со ова би требало се става крај на непријатната епизода околу кошаркарот на Куманово кој ги почна подготовките со националниот тим, но потоа не се појави на тренинзите.

Селекторот Драган Раца тогаш изјави дека вратата во репрезентацијата е затворена за Трајковски, но очигледно е дека на 15 дена пред почетокот на евроквалификациите помошра на овој кошаркар ќе биде добредојдена па затоа недоразбирањата се тргаат настрана, а Бојан Трајковски повторно ќе биде дел од македонскиот национален тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top