Бебе тешко 7,8 килограми дошло на свет во една приватна болница во Прешево, во јужна Србија.
Лекарите од болницата информирале дека бебето и неговата мајка се во добра состојба. Среќните родители решиле бебето да се вика Ердоган, пренесува порталот „preshevajone.com“.
Според истиот извор, родителите рекле дека имаат причина за двојна радост, добиле син и ќе се вика Ердоган.
Инаку турскиот претседател ужива голема популарност кај Албанците, како голем и докажан пријател на Косово и Америка, а пораталот пренесува дека во моментов околу 700 Албанци во Прешевската Долина го носат тоа име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.