| четврток, 6 декември 2018 |

Била мртва четри минути, а тогаш се случило чудо – умрела на рацете на мајка си, а потоа оживеала

dete

Девојче старо една и пол година, умрело на рацете на својата мајка, откако ја удрил автомобил пред семејната куќа. Нејзината мајка тврди дека тоа биле најтешките моменти во нејзиниот живот. Малата Фејт не покажувала знаци на живот дури четри минути. Но се случило чудо, лекарите успеале да ја спасат.

-Умре на моите раце. Знаци на живот не даваше четри минути. Таксистот кој ја удри брзо не одвезе во болница. Докторите со некое чудо успеаја да ја вратат во живот. Ја ставија на апарати за одржување живот и и дадоа. Ја спасија. Имаше многу оштетен црн дроб и неколку скршени коски. Кога после неколку дена ги отвори очите и се насмеа, знаев дека ќе биде добро. После излегување од болница не можеше да оди како што треба, ниту да ја држи главата исправно, а имаше проблем и со голтање на храната. Терапиите траеја една година. Фејт повторно учеше да оди. Таа е вистински херој- рекла нејзината мајка Ники.

Фејт денеска е едно среќно и весело девојче кое наскоро ќе тргне на училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top