| четврток, 6 декември 2018 |

Со нож нападнале 15-годишно дете и му го одзеле мобилниот

Околу 22 часот и 50 минути на булеварот „Кочо Рацин“, во близина на О.У. „Димитар Миладинов“ во Скопје, три непознати лица извршиле разбојништво врз петнаесетгодишно момче.

Според податоците од полицијата, насилниците му одзеле мобилен телефон. Сторителите се доближиле до него, го фатиле за рака и го турнале, и со закана со нож му го одзеле мобилниот телефон. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top