Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст. 2 т.2 во врска со чл.19 (во обид) од Кривичниот законик.
Осомничениот се товари дека на 02.09.2018 година, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја лиши од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Тој ја разбудил оштетената и по кратка расправија за која мотивот бил љубомора ѝ се заканил со зборовите „вечерва мора да умреш“. Потоа со кујнски нож ѝ нанел тешка телесна повреда во вид на убодна рана во пределот на слабинската регија, со конкретна опасност по нејзиниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.