| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре 11 август 2016 година, ќе читате:

naslovna206

Национална катастрофа

Вод­на­та бом­ба не ја уда­ви не­чо­веч­но­ста

Ова бе­ше иде­ал­на шан­са за си­те са­мо­дек­ла­ри­ра­ни ху­ма­ни­сти, бор­ци за чо­ве­ко­ви пра­ва, „сло­бо­до­ум­ни“ и „прав­до­љу­би­ви“ да се по­ка­жат на де­ло. За жал, не ус­пе­а­ја. Зо­што? Што се слу­чи со нив­на­та со­ли­дар­ност? Ка­де се нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции и пла­те­ни­ци­те на Со­рос ор­га­ни­зи­ра­но да се по­ја­ват на за­гро­зе­ни­те ме­ста?

Ако мо­жеа со ме­се­ци да ле­жат во ша­то­ри пред Вла­да, зо­што не мо­жат не­кол­ку де­на да по­ми­нат во Син­ѓе­лиќ, Ара­чи­но­во, Ин­џи­ко­во…? Ако мо­жеа да се со­би­ра­ат се­кој ден во 18 ча­сот пред СЈО, зо­што „со­ли­дар­ни­те де­мо­кра­ти“ се­га не мо­жат да се со­бе­рат во исти­от број под мо­то­то „Се­кој ден во 6 ча­сот во Стај­ков­ци сѐ до­де­ка не се об­но­ви и пос­лед­ни­от дом!“ Да, тоа би би­ло ин­те­рес­на па­ро­ла ко­ја си­гур­но би до­би­ла мно­гу по­го­ле­ма под­др­шка од јав­но­ста. Но, за раз­ли­ка од „пла­те­нич­ка­та ре­во­лу­ци­ја“, овој пат ни­кој не пла­ќа. Има и уште еден проб­лем. Се­га тре­ба да се ре­но­ви­ра и да се гра­ди, а тие зна­ат са­мо да ури­ва­ат и да сквер­на­ват. Очиг­лед­но, ва­кви ху­ма­ни ак­ции не се пред­ви­де­ни во сце­на­ри­о­то за на­сил­но ури­ва­ње на вла­ста.

 

Опозициски мршојадци

Место да подадат рака, долеваат масло на огнот

Да­ли би­ло вре­мен­ска не­по­го­да, про­те­сти, по­ли­тич­ка кри­за или што и да е дру­го, не­до­вет­ни­те се­ко­гаш ги обе­ди­ну­ва ед­на спо­ју­вач­ка ни­шка. Се ви­ка Со­рос. Но не са­мо ка­ко нив­ни по­сто­јан и да­реж­лив фи­нан­си­ер и до­бро­твор, ги обе­ди­ну­ва и не­го­ва­та шко­ла на при­стап кон не­шта­та, ком­би­ни­ра­на со веч­на­та жел­ба да се би­де нај­црн, нај­не­чо­ве­чен и сен­за­ци­о­на­лист во се­кој пог­лед. Уште по­пер­верз­но е што се­то тоа се пра­ви во име­то на де­мо­кра­ти­ја­та?! Јас­но е ка­ко ден де­ка во ре­до­ви­те на Со­ро­со­ви­те ма­ке­дон­ски ме­ди­ум­ски и НВО ми­ле­ни­чи­ња по­стои ви­стин­ска би­тка за тоа кој ќе би­де „нај­ин­те­ре­сен“ и нај­жол­чен, што вед­наш ви да­ва од­лич­на без­о­браз­на пре­дис­по­зи­ци­ја за че­кор по­на­пред до не­го­ви­те зе­ле­ни банк­но­ти, но не­ко­гаш тре­ба да се диг­не рач­на. Не, се­га ме­ди­у­ми­те на СДСМ беа по­а­гре­сив­ни од сво­и­те мен­то­ри.

 

Помошта бавно стигнува до настраданите

Волонтерите срамежливи, бизнисмените стегнати

Сли­ка­та од те­рен ка­ко да по­ка­жу­ва де­ка гра­ѓа­ни­те на оваа зем­ја зна­ат да би­дат по­ху­ма­ни ко­га ста­ну­ва збор за по­мош на не­кој над­вор, откол­ку на до­ма­шен те­рен. Со­би­ра­ње­то по­мош во про­из­во­ди и во па­ри оди бав­но и мал­ку по мал­ку, за раз­ли­ка од, на при­мер, по­мо­шта што се со­би­ра­ше ко­га Ср­би­ја и БиХ беа по­го­де­ни од поп­ла­ви. Име­но то­гаш си­те се мо­би­ли­зи­рав­ме, па за не­пол­ни 24 ча­са беа со­бра­ни око­лу 58.000 евра, за су­ма­та да се уд­вои за 48 ча­са, ко­га вкуп­но беа со­бра­ни 120.000 евра од до­на­ции по те­ле­фон. Плус, беа со­бра­ни око­лу 100 то­ни ху­ма­ни­тар­на по­мош за две­те зем­ји. Се­га ко­га нам ни се слу­чи поп­ла­ва, прв впе­ча­ток е де­ка со­би­ра­ње­то по­мош оди по­бав­но и не­ка­ко со од­ло­же­но дејс­тво, па по­се­ри­оз­ни­те фи­нан­си­ски до­на­ции поч­наа да при­стиг­ну­ва­ат ду­ри че­ти­ри-пет де­на од поп­ла­ви­те. Се­пак, по­да­то­ци­те од те­рен го­во­рат де­ка на­се­ле­ни­е­то и фир­ми­те сѐ уште ја но­сат ху­ма­но­ста во се­бе.

 

Со­сед­ски­те чиз­ми на ма­ке­дон­ска зем­ја

Ху­ма­но­ста не мо­же без по­ли­ти­ка

Ху­ма­ни­тар­на­та по­мош што ја по­ну­ди­ја и ис­пра­ти­ја де­се­ти­на зем­ји од поб­ли­ско­то и од по­ши­ро­ко­то со­седс­тво, по­крај искре­на­та жел­ба да им се по­мог­не на Ма­ке­до­ни­ја и на гра­ѓа­ни­те што до­жи­ве­а­ја ка­та­стро­фа, отво­ри и ни­за дру­ги пра­ша­ња, кои се да­ле­ку од пра­ша­ња­та за ху­ма­ност и за со­ли­дар­ност. Вни­ма­те­лен наб­љу­ду­вач пре­ку ме­ди­ум­ски­те нај­а­ви и из­ве­штаи, ка­ко и пре­ку ко­мен­та­ри­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи, мо­же лес­но ме­ѓу ре­до­ви да про­чи­та и дру­ги по­ли­тич­ки, ет­нич­ки и дру­ги исто­ри­ски по­ра­ки, кои се­ко­гаш се дел од бал­кан­ски­от фолк­лор. Ду­ри и ко­га се ра­бо­ти за смрт на два­е­сет и две ли­ца (тек­стот е пи­шу­ван во сре­да­та), бро­јот на повре­де­ни се дви­жи до сто ли­ца, а бро­јот на оште­те­ни се­мејс­тва се иска­чи на 5.000, во ре­ги­о­нот не­из­беж­ни се при­друж­ни по­ја­ви што на ху­ма­низ­мот му да­ва­ат ед­на по­и­на­ква ди­мен­зи­ја, ко­ја е да­леч­на од искре­на­та жел­ба чо­век да му по­мог­не на друг чо­век во не­во­ља.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top