Ракометарите на Вардар и на вториот контролен натпревар против Горење Велење го совладаа словенечкиот прволигаш, овојпат со убедливи 38-27.
Избраниците на Раул Гонзалез доминираа од самиот почеток, набрзина поведоа со 8-4, по што продолжија да го „газат“ противникот и на полувреме да заминат со огромни осум поени предност (18-10). Резултатот во 40. минута гласеше 25-16, за во преостанатиот дел од средбата и двата тима да играат порелаксирано во одбраната, лесно да го наоѓаат патот до мрежата, за на крајот натпреварот да заврши со триумф на македонскиот првак од 11 гола разлика.
Македа со седум гола беше најефикасен кај „црвено-црните“, пред засилувања Канелјас и Борозан со по шест и Душебајев со пет постигнати погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.