Една двојка од Аризона е уапсена бидејќи двегодишниот син го оставиле дома сам, а тие заминале да бараат Покемони.
Полицијата го нашла детето надвор од куќата на 30 степени Целзиусови, без вода, како плаче и се обидува да влезе во куќата.
Брент (27) и Бријан Делеј (25) признале дека го оставиле детето дома само еден и пол час.
Обвинети се за загрозување на животот на детето и за занемарување.
Полицијата добила дојава дека детето е само и го побарале таткото на телефон, кој само кратко им одговорил: Сееедно и ја спуштил слушалката.
Кога конечно се вратиле дома, тврделе дека излегле на кратко да наточат гориво, но подоцна признале дека отишле да бркаат Покемони по улиците, пишува „Скајњуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.