Ова писмо од Србија напишано од 16-годишно момче го стресе целиот регион. Детето вели дека со неговата сестра ќе биде убиено од татка си, па бара засолниште.
– Живеам со татко ми и со сестра ми, која е постара од мене три години, од 2002 година до сега. Мајка ни нѐ напушти. Татко ми е тешка пијаница и е насилен, јас и сестра ми веќе не можеме да го издржиме ова. Од минатата година живеам кај баба, но тој дојде и тука, па сега и неа ја малтретира. Со вила, камења и тули, што му дојде на рака, со тоа нè тепа – вели момчето во писмото.
Потоа, тоа продолжува дека ако постојат добри луѓе што ќе го прочитаат ова, бара од нив засолниште, само да не се на улица и да се сигурни дека татко им нема да дојде по нив.
„Го пишувам ова зошто знам дека има луѓе со добра душа“, пишува момчето.
Оваа приказна ја стресе како Србија, така и регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.