Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија се појави во „Аспајр магазин“ (Aspire Magazine), специјалното издание на „Травел викли“ за луксузен туризам.
Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, во интервју за овој магазин ги потенцира природните убавини на Македонија и потенцијалите со кои располага за овој вид туризам.
Поради покажаниот интерес од британската публика, Агенцијата за промоција и поддршка на туризам оваа година во ноември ќе учествува на „Аспајр форум“, организиран од „Травел викли груп“, каде ќе се остварат средби со над 50 тур-оператори пред кои ќе биде презентирана туристичката понуда за луксузен туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.