| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на електронското и аудио издание „ЕтноАнтропоЗум“

Институтот за етнологија и антропологија на 20.11. 2018 со почеток во 12 часот ќе го претстави новиот изглед на електронското и аудио списание „ЕтноАнтропоЗум“. Промотор е д-р Наташа Сарџовска, насловен доцент на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ, УКИМ.

Електронската верзија на списанието „ЕтноАнтропоЗум“ е со ново руво, со нов имиџ, а во еден дел и аудио списание, со што станува достапно не само на читателската туку и на слушателската публика. За имиџот и дизајнот одговорна е нашата колешка Петја Димитрова од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Софија, а која во рамките на ЕРАЗМУС + студентската размена за практична работа престојува на ИЕА веќе неколку месеци. Аудио списанието „ЕтноАнтропоЗум“ е проект во реализација на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА) и Институтот за етнологија и антропологија, со финансиска поддршка на Градот Скопје. Досега се реализирани 6 (шест) броја и тоа само на македонски јазик. Проектот практично го реализираа м-р Еда Старова Тахир, м-р Елизабета Павковиќ, м-р Виктор Трајановски и Андреј Татарчевски студент на етнологија и антропологија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top