| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар одбраната на титулата ја стартува против Шкупи, пелагонското e шлагот на првото коло

vardar fudbal

Актуелниот македонски шампион, екипата на Вардар ќе игра против Шкупи во 1. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига која стартува на 7. август. Денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија сакаше „вардарци“ да се соочат со Шкупи во градското дерби на стартот, додека Шкендија, пак, во Тетово ќе ја пречека екипата на Силекс.

„Вардарци“, со оглед на се уште важечката казна од минатата сезона, својот натпревар како домаќини против Шкупи ќе го играат во Пробиштип или во Струмица, за што дополнително ќе биде одлучено.

Македонија уште на почетокот од новата сезона повторно ќе ужива и во пелагониското дерби меѓу повратниците во прволигашката конкуренција прилепска Победа и битолски Пелистер. Со тоа што, интересно, поради реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, за првпат во историјата на пелагониското дерби Победа, на 7. август, ќе биде домаќин во Битола.

Како што е познато, по промената на натпреварувачкиот систем, во сезоната 2016/17 прволигашките ќе играат четирикружно, по 9 кола во секој круг, или вкупно 36 натпреварувачки рунди, без плеј-oф и плеј-аут како во изминатите сезони. Прволигашката сезона стартува на 7. август, а есенскиот дел од сезоната завршува на 4. декември. Пролетниот дел од првенството ќе почне на 19. февруари 2017.

ПРВА ЛИГА, 1. КОЛО (7 август, 17:30 ч.)
ВАРДАР – ШКУПИ
ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

ВТОРА ЛИГА, 1. КОЛО (13 август)

ВАРДАР Н. – АКАДЕМИЈА П.
ЉУБАНЦИ – СКОПЈЕ
ЕУРОМИЛК – НОВАЦИ
МЕТАЛУРГ – ТЕТЕКС
ХОРИЗОНТ – ВЛАЗЕРИМИ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top