Еден од најдобрите фудбалери на Вардар во изминатите две години, Ерменецот Хофханес Хамбарџујан е пред заминување од „црвено-црниот“ табор.
За него пишуваа и медиумите во Англија посебно за интересот на актуелниот шампион, Лестер. Потоа се појавија и клубови од Русија, Германија. Дека Хоф е пред трансфер говори и податокот дека на „Максимир” неговиот менаџер заедно со преставници на неколку заинтересирани клубови го следеа настапот на Хамбарџујан. Засега никој не коментира. Се знае само дека Вардар бара сума од околу 600.000 евра за слободата на фудбалерот од Ерменија.
Инаку по четирите слободни денови, фудбалерите на Вардар денеска продолжуваат со тренинзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.