| четврток, 6 декември 2018 |

Прашања кои ги мачат мајките: Зошто трудничкиот стомак не изчезнува веднаш по породувањето?

Стомакот на бремените жени по породувањето не исчезнува веднаш. Но, за тоа малку се зборува.

Постојат многу причини за тоа, но една од поголемите е дека вашата матка која мора да се истегне за време на бременоста не се враќа во природната големина веднаш по раѓањето дете.

Постојат многу фактори кои влијаат на брзината на овој процес – тежината за време на бременоста, годините, генетичките фактори, колку големо било бебето, активноста, исхраната, доењето и дали бебето е родено по природен пат или со царски рез. Исто така, зголемената матка е поочигледна кај ситните жени отколку кај другите.

На вашата матка ѝ е потребно време за да се врати во нормална состојба – понекогаш тоа е и до 2 месеци. Важно да се напомене е и фактот што вашите стомачни мускули биле истегнати 9 месеци. Тоа се случува суптилно, ден по ден и промените се толку мали што не можете да ги видите па затоа им е потребно исто толку време за да се вратат во првобитна состојба.

Иако правите вежби за зацврстување на торзото, сепак може да ви бидат потребни месеци за да ги вратите абдоминалните мускули онака како што биле пред бебето.

Некои жени успеваат да го избегнат овој феномен, но ретки се случаите кои и имаат рамни стомачни веднаш по раѓање дете и нема шанси однапред да знаете дали и потоа ќе имате труднички стомак пред да се породите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top