| четврток, 6 декември 2018 |

Саша Греј, писателката

sashagreyДека сексот продава се знае од поодамна. Откако книгата „50 нијанси на сивото“ се продаде во над 40 милиони примероци, издавачите очајнички бараат  наследник, нова книга со експлицитн описи на секс, доволно да се скрие од очите на гостите по дома.

Ова надеж им даде, кој друг, ако не Саша Греј, 25 годишната поранешна порно ѕвезда, која одлучи да пишува. Така, ја напиша книгата “The Juliette Society”, коа барем теоретски е наследник на „50-те нијанси“ бидејќи се занимава со светот на садо-мазо игрите.

Приказната за главната хероина која станува член на таен секс- клуб, издадена е во 20 земји, а очекувано, Холивуд веќе ги приграби првата за филм.

Саша Греј тврди дека нјзинио агент веќе 5 години ја моли да напише книга за сексот, но дури откако „50 нијанси на сивото“ направи толкав успех, решила да проба.

-Посакав да создадам ликови во свет кој  е малку фнтастичен, но не сакав клише- жена која бара вистински маж, вели таа за Индепендент.

-Сексот, како и животот, знае да биде застрашувачки, додава Греј. Не е секогаш забавно, но не сакав да пишувам за темната страна на сексот на негативен начин. Сакав да го истражам.

Имајќи го предвид претходниот опус на оваа млада писателка, и нејзините истражувања во ова поле, таа знае што пишува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top