ИТ и аутсорсинг, туризам, земјоделство и висока технологија, се областите во кои би инвестирале во Македонија иселениците од дијаспората, покажува истражувањето што организацијата „Македонија 2025“ го претстави на денешниот Форум за бизнисмени од дијаспората.
Во резултатите од истражувањето се вели дека пазарот на труд има потреба од натамошен развој и инвестиција во образованието, како и дека постојната работна сила е способна брзо да ги научи потребите на работните места. – Административните услуги зависат од компетентноста на поединци и државата треба да воведе тренинг програми за нивно обучување според стандардите и потребите на инвеститорите, потенцираат од „Македонија 2025“ и наведуваат дека е некоректна промоцијата на Македонија како земја со евтина работна. Инвеститорите, истакнуваат, бараат квалификувана и образована работна сила и земјата треба да се профилира како дестинација со стручен кадар, а не најевтин.
На форумот, во организација на „Македонија 2025“ и Агенцијата за иселеништво, присуствуваат над 130 гости од кои повеќето живееле во дијаспората и се вратиле во Македонија да почнат бизнис или да продолжат соработка.
Бизнисменот Хасан Мазлум, кој потекнува од дебарскиот регион, а е вратен во Македонија од Италија, како што стои во соопштението од „Македонија 2025“, ги повика промотерите во дијаспората да промовираат можности за инвестирање во руралните средини. – Таму, големи инвестиции не доаѓаат, а луѓето во дијаспората се емотивно врзани за местата од кои потекнуваат. Во Македонија е потребно да се воведат школи за занает, за да можат да функционираат инвестициите. Нереално е секој да работи менаџер, наведе Мазлум.
Митко Бојковски, повратник од Австралија, инвестирал во компанија што произведува трикотажа и индустриски штофови. Побара релевантните институции да ја подобрат инфраструктурата во помалите градови, каде што постојат бизнисмени кои самите делуваат кон привлекување инвестиции од странство и од диајспората.
Според извршниот директор на „Македонија 2025“, Билјана Марковиќ Стаменова, потребно е да се воведе стратегија на највисоко институционално ниво за евидентирање, привлекување и сервисирање на инвеститорите од дијаспората.
– Без ваква стратегија државата губи голем потенцијал да ги зголеми инвестициите кои би дошле од иселениците. Стратегијата треба да ги опфати и малите и средни претпријатија од дијаспората кои можат да придонесат со трансфер на знаење, пристап до нови пазари како и производство на иновативни производи со потекло од Македонија, наведе Стаменова.
Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, навел дека во неговата промоција на државава активно се фокусира на луѓето од дијаспората кои сакаат да почнат микро, мали или средни претпријатија во Македонија, кои пред се работат со паметни технологии и производи со додадена вредност.
Министерот за надворешни работи Никола Поповски, пак, изјави дека со заеднички напор на сите институции и на „Македонија 2025“ се работи на создавање на условите за инвеститорите.
– Радува фактот што Македонија 2025 е посветена во овој правец. Од наша страна гледаме тоа да го дополниме и со анимирање на помладата македонска популација во странство, нудејќи програми поврзани и со летните кампови, но и годинава за првпат можности за стажирање на македонски студенти во странски универзитети кои се дел од нашата дијаспора, односно живеат во странство, да може практичниот дел од нивната обука да го поминат во Македонија, изјави Поповски.
Пред учесниците на Форумот заменик-министерот за информатичко општество Тимчо Муцунски, ја претстави картата на е-Македонија, намалувањето на административните бариери, реформските закони за администрацијата значајни за подбрување на условите на инвеститорите. Во Македонија, истакна, одамна е почнат развојот на е-владини решенија, а бенефитите за бизнисте, упростувањето на нивната комуникација кон органите во процесите на остварување на нивните права и обврски, се само причина плус да постои побарувачка и оние кои не се да бидат дигитализирани.
Македонија, нагласи Муцунски, покажа дека има стратешка определба да одговори на потребите на бизнис секторот овозможувајќи му услугите да ги добие целосно електронски, од која било точка во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Журнал: Убиецот од Швајцарија активист на СДСМ во дијаспората и близок пријател на Заев
-
Трошок за иселениците: За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5 000 долари