Познатиот активист на СДСМ од Струмица во швајцарскиот град Локарно, Горан Михајлов (54), со пет куршуми си ја усмртил сопругата Хани (38) на патот кон езерото Маџоре крај Аскона, пишуваат тамошните медиуми, пренесува Журнал.нет.
Настанот е снимен и на видео камери од објектите од околината, снимки кои сега се во посед на полицијата, а за настанот сведочи и Џианкарло Вачини кој ја слушнал жената како вреска пред смртта. Горан ја убил сопругата затоа што мислел дека го изневерува.
Швајцарските портали пишуваат дека Горан е многу близок со врвот на социјадемократскиот сојуз, кои се сега власт во Република Македонија и дека на неговит фејсбук профил може да се сретнат негови слики со практично целиот државен врв.
Сведокот Џанкарло за швајцарски „Блик“ вели :
– Седев крај кискот и пушев цигара, одеднаш слушнав женски глас како вика, не! не!, а после слушнав истрели, 4 или 5, 20 секунди подоцна следеа уште три до четири истрели, раскажал тој видно потресен.
Кога сведокот притрчал видел две тела на земјата и помислил дека двајцата се мртви, но Михајлов го преживеал обидот за самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.