| четврток, 6 декември 2018 |

Југословенството е идеја и моја определба – Искрена исповед на Лепа Брена

брена

Секое доаѓање на Лепа Брена во Сараево буди големо внимание на публиката и медиумите, па така беше и овојпат, кога славната пејачка престојуваше во главниот град на БиХ по повод суперфиналето на Ѕвездите на Гранд.

Лепа Брена во разговор за Аваз зборува меѓу другото и за својата национална припадност. Јасно порача: Југословенството е идеја и моја определба засекогаш. Едноставо, кога ќе погледате една валута, еден пазар и јака економија, систем по кој функционира Европа.

Фолкерката додала дека отсекогаш тежнееле да гледа како живеат луѓето во развиениот свет и тој принцип го пренела и на свој план.

Прекарот Лепа Брена ја следи од почеток на кариерата

-Само покојниот татко и мајка ми ме викаа Фахрета, мајка ми понекогаш Фахретица. Сите други ме викаат Брена – открила таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top