| четврток, 6 декември 2018 |

Не е шега: Бебе исфрлено од авион на „Кроација ерлајнс“ зашто било „осми патник“

croatia airlines

Едно семејство од Осиек се шокирало кога им рекле дека не можат да летаат со авионот на „Кроација ерлајнс“ од Осиек во Сплит зошто нивната 11-месечна ќеркичка била вишок.

Имено, таа била „осми патник“ поточна осмо бебе на споменатиот лет, а според правилата на агенцијата, било дозволено само седум бебиња.

-Купивме карти уште во мај во агенцијата на „Кроација ерлајнс“ и во петокот на 8 јули дојдовме за летот. По еден и пол час дојде една госпоѓа и не рече да го напуштиме авионот со објаснување дека последни сме се чекирале. Атмосферата во авионот беше ужасна, сите беа огорчени поради доцнењето, а бебињата и постарите деца постојано плачеа, меѓутоа пилотот, едноставно, не сакал да полета додека ние не излеземе од авионот. Наводно, немало доволно безбедноси појаси за бебиња, односно во авионот со нашето имало 8 бебиња, со седум појаси поради што пилотот инсистирал да излеземе, раскажува мајката на 11-месечното девојче.

-Ни рекоа дека ќе добиеме 500 евра отштета од „Кроација ерлајнс“, но тоа не можеше да го ублажи нашиот бес, зошто ни се случи и покрај тоа што уредно и навреме си ги плативме нашите авионски карти и резервиравме сместување, вели жената.

Таа е револтирана зошто се случувало и порано да замижат службите ако има повеќе деца во авионот. Инаку на веб-сајтот на компанијата стои само назнака за превозот на деца до 2 години, но освен цените на картите и резервациите никаде не стои колку бебиња се дозволени на еде лет.

Споменатиот авион место во 21 часот за Сплит тргнал во 23 часот, а семејството морало да излезе од авионот и службите од аеродромот во Осиек ги префрлиле утредената со комбе до Загреб од каде што зеле лет за Сплит.

Компанијата во одговорот напиша дека биле запознаени со случајот и дека му се извинуваат на семејството што не можеле да го качат на спомениот лет.

Велат дека грешката настанала во електорнската резервација при што не е забележано дека има 8 бебиња во авионот. Откако е забележано тоа, на самото место било побарано некое од семејствата со деца да се откажат од летот, а откако никој не го сторил тоа, се пристапило кон повикуваање да го напушти летот последното семејство што се чекирало. На ова семејство му бил понуден автобуски превоз до Загреб на трошок на компанијата како и нова карта до Сплит од аеродромот во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top