| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка го изгубила бебето за време на масакрот во Ница – го нашла со помош на „Фејсбук“

bebe

Тијава Бенер за време на терористичкиот напад во Ница, кога почнало стампедото, била одвоена од своето осуммесечно бебе, но благодарение на социјалните мрежи го пронашла.

Таа на социјалните мрежи напишала апел луѓето да ѝ помогнат да го пронајде својот син.

-Изгубивме осуммесечно бебе. Драги пријатели, ако некој го видел или има каква било информација, ве молам да ме контактирате веднаш – пишувало во постот на очајна мајка.

Овој пост е споделен повеќе од 21.000 пати, по што изгубеното бебе било пронајдено неповредено.

На социјалната мрежа „Твитер“ е отворен налог каде што луѓето објавуваат фотографии од луѓе што исчезнале за време на нападот и се обидуваат да ги најдат.

bebe2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top