Откако навивачите на Динамо Загреб со одлични импресии го напуштија Скопје, во Србија бил нападнат нивниот автобус, раскажува за хрватскиот портал „24 часа“ еден од навивачите.
Тој прво истакна дека навивачите на Вардар се одлични и дека за време на претстојот во нашиот главен град се чуствувале како дома.
„На стадионот беше сè супер. Навивачите на Вардар се одлични. По натпреварот безбедно излеговме од стадионот, а домашните навивачи нè испратија со аплузи. Ние возвративме со аплауз. Македонците се одлични луѓе, се чувствувавме како да сме дома“, изјави за „24 часа“ еден навивач на Динамо Загреб.
Откако безбедно ја напуштиле Македонија, биле нападнати во Србија.
„Српската полиција нè придружуваше до наплатните рампи, но некаде околу 4 часот по полноќ не нападнаа „партизани“, така ги нарековме бидејќи избегаа во шумата, откако скршија неколку стакла на автобусот. Полицијата виде, но не презеде ништо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.