| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во нов голем криминал во Струмица?

Во новиот број на Република кој е во продажба од утре, 8 јули 2016 година, ќе читате:

naslovna_REPUBLIKA-br201

Државата и институциите на потег

Заев во нов голем криминал во Струмица?

До­ку­мен­ти­те и фо­то­гра­фи­и­те до кои дој­де „Ре­пуб­ли­ка“ по­ка­жу­ва­ат де­ка За­ев со ре­ше­ние ле­га­ли­зи­рал об­јект – хо­тел­ски комп­лекс, кој е из­гра­ден по за­кон­ски­от рок од март 2011 го­ди­на. По­втор­но, се ра­бо­ти за биз­нис­мен што е до­бро поз­нат на За­ев и на оп­штин­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја ка­ко сопс­тве­ник на ком­па­ни­ја што че­сто до­би­ва оп­штин­ски тен­де­ри. Отка­ко со За­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја го ре­ши проб­ле­мот со „Гло­бал“, за кој бе­ше по­ми­лу­ван, го зло­у­по­тре­бу­ва ли За­ев се­га за­ко­нот и за сво­и­те со­ра­бот­ни­ци?

 

СДСМ бара суд за политички прогон

Го уриваат правниот систем за да воведат инквизиција

Во име­то на не­ка­ква прав­да, опо­зи­ци­ја­та и ша­ре­ни­те пла­те­ни­ци во сред­но­ве­ко­вен стил фа­на­тич­но се оби­ду­ва­ат да вос­по­ста­ват ин­кви­зи­тор­ски си­стем во коj са­ми­те ќе во­дат истра­ги, ќе су­дат и ќе каз­ну­ва­ат по­ли­тич­ки не­и­сто­мис­ле­ни­ци. Тен­ден­ци­ја­та што ја на­мет­наа уште од по­че­то­кот на кри­за­та за де­вал­ви­ра­ње на суд­ски­от си­стем кул­ми­ни­ра­ше со фор­ми­ра­ње про­ти­ву­став­но Спе­ци­јал­но јав­но об­ви­ни­телс­тво (кое се пре­тво­ри во со­ци­јал­де­мо­крат­ско об­ви­ни­телс­тво), а се­га тре­ба да за­вр­ши со ба­ра­ње­то за не­ка­кво спе­ци­јал­но суд­ско од­де­ле­ние (чи­тај пар­ти­ски суд), кое ќе тре­ба да су­ди по пар­ти­ска на­ред­ба врз ос­но­ва на жел­би­те и на по­тре­би­те на або­ли­ра­ни­от Зо­ран За­ев.

Очиг­лед­но де­ка ни­ту со бом­би­те на За­ев, ни­ту со за­ка­ни­те и при­ти­со­ци­те врз по­тен­ци­јал­ни­те све­до­ци, об­ви­ни­те­ли­те од СЈО не ус­пе­а­ја да обез­бе­дат цвр­сти и су­штин­ски до­ка­зи за не­ка­кви кри­ми­нал­ни де­ла во кои се вме­ша­ни чел­ни­те лу­ѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Во та­ква си­ту­а­ци­ја, об­ви­не­ни­ја­та на „За­е­ви­те ан­ге­ли“ не­ма шан­си да по­ми­нат кај ни­ту еден су­ди­ја, освен, се раз­би­ра, кај спе­ци­јал­ни­те, кои би би­ле спе­ци­јал­но обра­бо­те­ни од над­во­реш­ни­те при­ја­те­ли на За­ев.

 

Ин­терв­ју: Спи­ро Ри­стов­ски, за­ме­ник-ми­ни­стер за обра­зо­ва­ние и на­у­ка

Го за­јак­ну­ва­ме си­сте­мот про­тив не­об­је­ктив­но­ста во оце­ну­ва­ње­то

По че­ти­ри го­ди­ни од во­ве­ду­ва­ње­то во ма­ке­дон­ски­от обра­зо­вен си­стем, ек­стер­но­то те­сти­ра­ње зна­чи­тел­но се ме­ну­ва. „Ре­пуб­ли­ка“ раз­го­ва­ра со за­ме­ник-ми­ни­сте­рот за обра­зо­ва­ние и на­у­ка, Спи­ро Ри­стов­ски, за за­кон­ски­те из­ме­ни со кои, ка­ко што ве­ли, не са­мо што се уна­пре­ду­ва ек­стер­но­то те­сти­ра­ње ту­ку и се сти­му­ли­ра ква­ли­те­тот на се­вкуп­ни­от обра­зо­вен си­стем.

 

Опозицијата без компас

Бегаат од народот, се крстат во криминалци и во странци

Ста­ра­та по­го­вор­ка ве­ли де­ка ко­га бро­дот то­не, ста­ор­ци­те го на­пу­шта­ат пр­ви. Кај ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, пак, е обрат­но. Та­му, очиг­лед­но е де­ка исти­те тие прис­по­соб­ли­ви гло­да­чи, овој пат и кри­ми­но­ге­ни, оду­ше­ве­но и пол­ни со елан го за­зе­доа опо­зи­ци­ско­то пло­ви­ло, кое се­ри­оз­но то­не. Да не­ма за­бу­ни, не збо­ру­ва­ме за вр­ху­шка­та, ту­ку за но­во­про­ја­ве­ни­те „же­шки“ под­др­жу­ва­чи на пар­ти­ја­та. Спо­ред акту­ел­ни­те кон­сте­ла­ции, кул­ми­на­ци­ја­та се до­жи­ву­ва во мо­мен­тот, па оче­ку­ва­ње­то на „стран­ска“ пер­и­пе­ти­ја што ќе до­ве­де до по­зи­ти­вен расп­лет за нив ги дов­ле­че на па­лу­ба­та со­вре­ме­ни­те гу­са­ри, еден куп ли­ко­ви од ма­ке­дон­ско­то под­зем­је. Освен ми­ри­сот на гни­леж од рас­па­ѓа­ње на пар­ти­ја­та, кри­ми­но­ге­ни­те „ре­во­лу­ци­о­не­ри“ ги прив­ле­че и уба­ва­та шан­са за за­шти­та, па тие бес­по­штед­но се вне­соа во слу­чу­ва­ња­та оче­ку­вај­ќи по­вра­тен дар за одра­бо­те­но­то во ка­у­за­та. Којз­нае, мо­же­би во ид­ни­на овој труд и бо­ја­ди­су­ва­ње ќе им до­не­сат ос­ло­бо­ду­ва­ње од не­ко­ја каз­на, чи­сте­ње на до­си­е­то, па и не­о­де­ње в за­твор?!

 

По Брег­зит, ЕУ му на­миг­ну­ва на Бал­ка­нот

Срп­скохр­ват­ски ре­цепт за про­ши­ру­ва­ње­то

По­ра­ки­те се јас­ни, европ­ски­те ли­де­ри, пред сѐ гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка Ан­ге­ла Мер­кел и фран­цу­ски­от пре­тсе­да­тел Фран­соа Оланд ка­ко стол­бо­ви на раз­ни­ша­на­та Уни­ја, има­ат по­тре­ба да си­му­ли­ра­ат нор­мал­ност и пред сво­и­те гла­са­чи и пред европ­ска­та јав­ност, да убе­дат де­ка иде­ја­та за обе­ди­не­та Евро­па во се­бе сѐ уште со­др­жи сил­на енер­ги­ја и да му ис­пра­тат сиг­нал на Лон­дон де­ка во те­кот на пре­го­во­ри­те за за­ми­ну­ва­ње не­ма да мо­же да оче­ку­ва бе­не­фи­ции ако не се отка­же од де­лот од сво­јот су­ве­ре­ни­тет, кој, всуш­ност, и бе­ше при­чи­на за „Брег­зит“.

По­ра­ки има и за дру­ги фа­кто­ри во ЕУ. Бал­кан­ски­те зем­ји во Па­риз беа иско­ри­сте­ни ка­ко ба­уч за си­те дру­ги европ­ски член­ки што са­ка­ат да одр­жат ре­фе­рен­ду­ми на кои, со на мо­мен­ти не­при­род­но­то по­вто­ру­ва­ње на син­таг­ма­та „про­ши­ру­ва­ње­то про­дол­жу­ва“, им бе­ше по­ра­ча­но де­ка без се­ко­го се мо­же, но и де­ка за се­ко­го има по­до­бра или по­ло­ша за­ме­на, а За­па­ден Бал­кан е пр­ва­та де­сти­на­ци­ја ка­де што ЕУ мо­же да ги на­до­ме­сти зем­ји­те што поч­на да ги гу­би ка­ко член­ки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top