Наташа Крег, блогер и мајка, совршено го опишува токму она што секоја мајка го чувствува, поради што стравува, но што никогаш не го кажува на своите деца,пишува порталот Попара
Мајката често плаче
Таа плачела кога дознала дека е бремена. Таа плачела кога те родила и кога прв пат те држела во рацете. Често плачела од среќа или страв, а уште почесто од грижа. Мајката ја чувствува својата болка и среќа, дури и кога воопшто не си свесен за тоа.
Мајката го сака последното парче од колачот
Но, кога ќе сфати дека и ти го сакаш, веднаш го губи апетитот. Посреќна е кога ти си сит.
Мајката ја боли
Кога би ја искубал/а, изгребал/а со ноктињата кои се плашела да ги скрати, ја болело… Ја болело и кога би ја гризнал/а за време на доењето. Ја болело и кога те раѓала и кога те носела во стомакот…Често ја боли мајката.
Мајка секогаш се плаши
Од моментот кога си дошол/а на свет, таа е тука како заштитник. Таа кажувала НЕ, кога некој би побарал да те држи во раце, затоа што никој не можел безбедно да те држи како таа. Срцето ѝ запирало во моментите кога несигурно си чекорел/а со првите чекори. До доцна останувала будна, проверувајќи дали е сѐ во ред дома, а рано се будела да те испрати на училиште. Кога би се сопнал/а, таа била тука да те фати. Таа била тука да те штити од лоши соништа. Ниту кошмарите не можеле да ти сторат ништо. Мајката била таму за да биде сѐ како што треба.
Мајка знае дека не е совршена
Всушност, таа самата е својот најголем критичар. Понекогаш таа се мрази себеси. Од секогаш сакала да биде совршена мајка, да внимава да не направи нешто погрешно, но само затоа што е човечко суштество, таа правела грешки, кои веројатно сѐ уште ја прогонуваат. Кога би можела да го врати времето назад, секоја мајка би сакала да го поправи она што го направила погрешно. Но, не може. Затоа биди добар/а кон мајка ти, бидејќи таа правела како што најдобро знаела.
Мајка ти често те гледала додека си спиел/а
Многубројни се непроспиените ноќи кога те молела да заспиеш, ти потпевнувала и се надевала дека наскоро ќе се смириш. Во моментот кога ќе си заспиел/а, гледајќи ги твоите очи и безгрижно лице нејзиниот замор веднаш исчезнувал.
Мајка ти те носела повеќе од девет месеци
Таа те носела во раце додека чистела, додека јадела … Иако ја болеле рацете и грбот, таа те држела, затоа што ти тоа си го сакал. Те бакнувала, те држела во прегратка, се играла, а ти се чувствувал/а заштитен/а.
На мајката секој пат кога ќе заплачеш, срцето ѝ се крши
Таа правела сѐ за да те утеши, а ако не можела, била бескрајно тажна.
На мајка ти секогаш си ѝ на прво место
Таа често излегувала од куќата гладна, ненаспиена и недотерана. Секогаш ги ставала твоите потреби пред своите. А на крајот на денот била толку уморна што често не можела да стори ништо за себе. Но, следниот ден, сето тоа би го повторила, бидејќи таа те сака.
Мајката повторно би го сторила истото
Да се биде мајка е една од најтешките задачи. Мајка плаче, страда, се обидува, не успева, работи и учи. Мајките се радуваат и сакаат повеќе отколку што можат и самите да си замислат. И покрај сета болка, тага, непроспиени ноќи, грижи, мајката за своето дете секогаш и повторно сѐ би направила. Затоа, следниот пат кога ќе ја видиш својата мајка кажи ѝ благодарам и покажи ѝ дека ја сакаш. Тоа се зборови кои сигурно секогаш со радост сака да ги слушне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.