| четврток, 6 декември 2018 |

Не сум за наместени работи-Здравко Чолиќ објасни зошто не се појавува со ќерките

Најголемата ѕвезда на поранешна Југославија, а и денеска миленик на жените и една од главните фаци во музичките води, пејачот Здравко Чолиќ, приватниот живот со децении наназад вешто го чува само за себе, а така изгледа и ќе остане.

Здравко веќе 16 години е во брак со Александра, со кој ги има двете ќерки, Уна и Лара.Кариерата исклучиво ја изградил на музика, па никогаш не дозволил неговото семејство да заврши на насловната страна на некој магазин. Така е и денеска.

-Што значи сега да се фотографираш за насловна страна прегрнат со децата?Тоа е работа на вкус, убаво е и тоа, ниту еден момент не сум мислел дека тоа е забрането. Немам ништо против сега да одиме во Тиват на аеродром, те фотографираат со децата, идеш патуваш. Тоа е нешто животно, ама сега да се местиме за насловна, не сум баш за тоа. Се во животот доаѓа спонтано-рекол Чола.

Тој неодамна настапи во Црна Гора, каде во првите редови беше неговата постара ќерка Уна со друштво.

-Постарата излегува, помладата се разбира се уште не. Нека видат и тие како татко им се бори во животот, дека ништо не е лесно, ни естрадата, ни театарот, ни филмот-рекол Чола кој е против тоа неговите ќерки да завршат на естрада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top