| четврток, 6 декември 2018 |

Татко на пет ќерки: Кои се советите за излегување со неговите ќерки?

Џејн Ворен Велч од Австралија прогласен е за татко на годината на Инстаграм, откако на оваа социјална мрежа објави своја верзија на традиционалните правила за одгледување на ќерки.

Тој објави свои сопствени правила, кои станаа хит по интернетот.

„Правила за излегување со моите ќерки: Морате да ги прашате кои се нивните сопствени правила. Моите ќерки не ги одгледувам на начин дека еден ден ќе станат жени кои мислат дека нема да можат да имаат почитување доколку при рака немаат помош од својот посесивен татко. Морате да ги почитувате. Доколку тоа не биде така, ветувам дека нема да им биде потребна помош да ве вратат каде што припаѓате. Со среќа”, напишал гордиот татко.

Велч, кој со својата сопруга има 5 ќерки, изјавил дека ја разбира потребата на останатите татковци да ги заштитат своите ќерки.

– Одлично го разбирам тоа. Но, она за што говорам нема никаква врска со тој „заштитнички инстикт” туку со одреден доминантен став кон жените и убедување дека жените не се способни самите да се грижат за себе – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top