| четврток, 6 декември 2018 |

Мајките кои постојано објавуваат фотографии од децата на фејсбук се депресивни

Новите истражувања покажале дека мајките кои постојано објавуваат фотогафии од децата на социјалните мрежи, склони се кон депресија.

Резултатите на една студија од државниот Универзитет во Охајо покажаа дека новите мјаки кои поставуваат работи на социјалните мрежи често се перфекционисти на кои им е потребно самопотврдување, или се депресивни. Истражувачите ја испитувале групата мајки со надпросечно образование и социјален притисок да бидат „совршени мајки“- и резултатите покажаче дека тие почесто биле депресивни месеци после бременоста.

Вознемирувачки е и фактот дека закоравени корисници на Фејсбук покажуваат симптоми на анксиозност.

Ако мајката поставува работи на Фејсбук за да добие потврда дека завршува добра работа и не добива онолку лајкови и позитивни коментари колку што очекувала, тоа станува проблем.

Интересно е тоа дека мајките кои претерано поставуваат слики на своите деца, тоа го прават повеќе од мајките кои не се соочени со депресија. Значи многу веројатно е дека жената чии деца гледате на фотографиите да ја мачи неадекватност и анксиозност.

Кетрин Џоинс од Пандас вели дека социјалните мрежи влијаеле на нејзиното лично искуство со постпородилна депресија.

– Разговарајте со некој. Одете кај својот лекар ако сте загрижени за менталното здравје, или до некоја група за поддршка – вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top