| четврток, 6 декември 2018 |

Како Мирослав сакал да ја силува Брена, открива неговата поранешна љубовница

miki2

Мирјана Антоновиќ, најпознатата љубовница на естрадата, сака да го уништи Мирослав Илиќ, кој ни по три децении не сака да признае дека со неа има син. Таа почнала да пишува автобиографија, која планира да ја издаде на српски и англиски јазик, во кој ќе ги открие тајните на многу естрадни ѕвезди, па и славејот од Мрчајевци.

Еден дел од книгата ќе биде посветен на скандалот кој ја потресе естрадата, односно Мирјана ќе опише како Мирослав своевремено во хотел се обидел да ја силува нејзината најдобра пријателка, Лепа Брена.
-Книгата е многу опширна, не е само за Мирослав. Ќе пишувам за својата животна борба и опстанок. Нема ништо да премолчам – рекла Мирјана.

Со оглед на тоа дека медиумите истражуваат и кој од музичарите своевремено работел за Државната безбедност, Мирјана најавува дека во книгата ќе пишува и за тоа.
-Не сакам да спомнувам индивидуалци, но естрадата беше контролирана, како и други инситуции. Естрадата соработуваше со државата. Во тоа врме имаше неколкумина одбрани од естрадата кои работеа за државната безбедност. Имиња не би спомнувала. Не можеше секој да пее, музиката и тековите беа цензурирани – вели Антоновиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top