| четврток, 6 декември 2018 |

Трансфузиологија: „Имаме доволно залихи крв“

todorov nesrecaОд Републичкиот завод за трансфузиолигија велат дека во овој период имаат доволно количество крв за итна помош за повредените деца и дека вечерва нема потреба за доброволна акција.  Се што било побарано од нив вечерва за итните операции било задоволено, а велат дека периодот е таков кога има доволни количества од драгоцената течност.

Хумани граѓани од нас побара одговор каде да се пријават за ентуално донирање на крв по веста за трагедијата и повредените во сообраќајната несреќа која однесе два животи, а се повредени десетина деца.

Хумани граѓани се јавувале директно и на Трансфузиологија, а од таму пак, благодарат на искажаната хуманоста, но повторија дека имат доволно залихи крв, дека потребите сега им се задоволени и дека за подготовките за донирање на крв сега би траеле до утрешнот ден.

Сепак останува оној генерален апел за донирање на крв кога ќе има организирани акции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top