Вечерва, во рамките на придружните настани од 55. Драмски аматерски фестивал, кочанската публика ќе има несекојдневна можност да ја проследи промоцијата на книгата „Панкот е мртов“ (Punk is Dead) од словенечкиот писател Томаж Космач.
Организаторите на ДАФ со посебна гордост го најавија и гостувањето на Словенецот Марко Брецељ, ексцентричен, мултимедијален уметник попознат како поранешен фронтмен на култниот југословенски рок-бенд од 70-тите и 80-тите, „Булдожер“.
Настанот ќе се одржи во Паркот на Револуцијата, со почеток од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.