| четврток, 6 декември 2018 |

Нов случај на дете со дијабет испратено од Охрид на Детската клиника

Уште едно дете со дијабет од Охрид, е на пат кон Детската клиника. Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека станува збор за 6-годишно дете со новооткриен дијабет, кое во стабилна состојба било испратено од Општата болница Охрид.

Ова е четврти случај на дете со дијабет на Клиниката за детски болести за само една недела. Вчера на Клиниката беше донесено 14 годишно дете од Охрид во тешка здравствена состојба, а претходно биле примени уште две деца, едно деветгодишно од Гевгелија и третото било тригодишно дете од Свети Николе кое сега е испишано.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија дека во тек е вонреден инспекциски надзор кај матичните лекари на децата , како и во општите болници од кои тие деца се препратени пред да бидат донесени на Детската клиника. Сиет одговори за евентуални пропусти во лекувањето, здравствените власти ги очекуваат по извештаите од инспекциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top