Кога ќе се каже филм или автомобил од 2006 година, сигурно ви изгледа како да е нешто од лани или преклани. Но, тогаш ќе се сетите дека поминале точно 10 години.
2006 година беше година кога „Гугл“ го купи „Јутјуб“, а „Нинтендо“ го создаде Wii. Црна Гора го напушти сојузот со Србија, а во Македонија партијата ВМРО-ДПМНЕ ги освои парламентарните избори.
Скопје беше во паника откако нигерискиот фудбалер Еје Абдулрашид Адамс, кој од 2003 играше за Македонија, почина од СИДА на Клиниката за инфективни болести.
Целиот свет беше во фудбалска еуфорија бидејќи во Германија се одржуваше Светското првенство.
Mодниот свет беше преокупиран со шпиц високи потпетици и колани во секаква боја, но и фармерките со должина до колено.
Во светот на музиката, пак, 2006 година беше годината на Тимбеленд и на Нели Фуртадо, колковите што не лажат на Шакира и „You’re beautifull“ на Џејмс Блант.
На македонската музичка сцена, пак, беше многу поживо отколку денес.
Тоа беше годината кога Елена Ристеска и нејзините жешки панталончиња владееја со евровизиската сцена. Во Атина Ристеска пееше „Ни на нај на“ што за првпат ѝ го донесе на Македонија 12. место.
Тамара и Врчак го освојуваат „Макфест“ со хитот „Седмо небо“.
Тоше по вторпат го наполни Градскиот стадион во Скопје, кој, меѓу другото, го паметиме по легендарната изведба на „Јовано, Јованке“.
„Радио Фортуна“ ја прогласи „Море од солзи“ на Ламбе Алабакоски за Хит на годината, во чијшто видеоспот глумеше Катарина Ивановска.
Изабела, Нина, Магдалена и Бојана победија на „Плеј потрага по соѕвездие“ на „М2 продукција“, по што беше формирана групата „Фор плеј“.
Владо Јаневски го издаде албумот „Повторно се заљубувам во тебе“.
Kaролина пееше со „Фламингоси“, а беше во љубов со скопскиот бизнисмен Дино Балиќ.
Александар Маленко се разведе со втората сопруга Јелена Жугиќ и почна врска со пејачката Фани.
Македонија го запозна Сашко Коцев, кој го замени Тони Михајловски како водител и за првпат се појави на „Златна бубамара на популарноста“.
„Еднооки“ беше хит-емисијата на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.