На Инстаграм профилот на пејачката Александра Пријовиќ осамна фотографија од свадба.

Таа позираше со нејзината свекрва Лепа Брена, а многумина се посомневаа дека станува збор за нејзината венчавка со Филип Живојиновиќ со оглед што оваа веселба беа присутни сите членови на семејството Живојиновиќ, а Александра носеше бело.

Коментарите беа дека мириса на свадба, но дали навистина станува збор за свадбата на Александра и Филип останува да видиме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


