| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска Саем на книгата во Прилеп

Од 13 до 18 јуни, во соработка со Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи саем на книгата на „Македоника литера“ од Скопје…

На оваа изложбено-продажна манифестација, со попуст и до 70 отсто, ќе се продаваат близу 300 изданија на Македоника литера од областа на детската литература, белетристиката и историографијата.

Љубителите на добрата книга од Прилеп на едно место ќе може да најдат наградувани и восоко вреднувани современи европски романи, многу наградени романи од Балканот, дела од класиката, историски романи, дела од македонски автори, книги за деца од најдобрите македонски автори и од познати странски автори, вредна историска литература, антологиски дела на светската драма, книги за театар и за филм, стручна литература…

Саемот на книгата ќе се одржува на отворен простор – на платото пред Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, меѓу 10 и 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top