| четврток, 6 декември 2018 |

Алармантно: За три месеци 92 случаи на шуга во Македонија

Голем број на регистрирани случаи на шуга во државата.
 Од јануари до март, во Институтот за јавно здравје има пријави за 92 лица кај кои било потврдено ова заразно заболување. Најголем број или 30 од нив се од Куманово. Овој наплив од заразени надлежните го поврзуваат со поплавите кои беа во овој град. 27 биле регистрирани и во Скопје, 11 во Прилеп и 10 во Битола, јавува порталот здравсто24.  Од заболените најголем број се од ромска националност.  Меѓу заразените има и деца и повозрасни.
Заразата се карактеририза со чешање по телото и се пренесува преку контакт како и од постела и алишта.
Болеста минува за една недела доколку се почне со терапија и се применуваат основните хигиенски навики.
Епидемиолозите апелираат заболените да не чекаат и да ја шират заразата туку веднаш да се јават на лекар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top